Временска прогноза

Сончево и топло време со мала до умерена облачност

24.10.2023 08:40

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена претежно висока облачност...

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена претежно висока облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер.