Прага

Талат Џафери учествува на вториот Парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа

24.10.2023 08:45

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, во својство на претседател на Интер-партиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, денеска и утре во Прага...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, во својство на претседател на Интер-партиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, денеска и утре во Прага, Чешка Република, ќе учествува на Вториот парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа. Во состав на делегацијата се и пратениците Диме Велковски, Никола Мицевски и Арбер Адеми кои се членови на Групата.

Како што информира собраниската прес-служба, Џафери ќе има обраќање на Самитот, а на маргините ќе оствари билатерални средби со своите колеги. Парламентарната димензија има за цел да ја подигне свеста кај светските лидери и пошироката јавност за нелегитимната руска окупација на Крим, нејзиното негативно влијание врз човековите права на локалното население, врз безбедноста во регионот на Црното Море, врз глобалната безбедност на храната како и на светскиот поредок заснован на правила. Овој Самит ќе се заокружи со усвојување на Заедничка декларација.