МВР
Санкционирани 183 возачи за непрописно престигнување
24.10.2023 10:53
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.00 до 19.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.00 до 19.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 183 возачи.
Од нив, 62 на територијата на СВР Тетово, 31 на територија на СВР Охрид, 29 на територија на СВР Куманово. За време на контролата санкционирани се и 271 други видови на прекршоци, соопштуваат од МВР.
