Македонија

МВР ги уништи експлозивните средства кои потекнуваат од кривични дела на полигонот „Пенуш“

24.10.2023 11:21

Овие мински и експлозивни средства пред сè се предмети кои потекнуваат од кривични дела, запленети во текот на прегледи или претреси, а по претходно издадени судски наредби...

Во текот на вчерашниот ден на воениот полигон „Пенуш“, штипско, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, изврши уште едно успешно ништење на различни видови мински и експлозивни направи и материи, иформираат од МВР.

Овие мински и експлозивни средства пред сè се предмети кои потекнуваат од кривични дела, запленети во текот на прегледи или претреси, а по претходно издадени судски наредби.

Имено, ова ништење на експлозивни средства на воениот полигон „Пенуш“ беше реализирано во координација со Одделот за специјални полициски операции и СВР Штип со вкупно четири контролирани експлозии, се наведува во соопштението на МВР.