Во Доњецк критично- киднапиран полски католички свештеник
Поради лошата безбедносна ситуација, во градот е прогласен полициски час...

Сепаратистите во Доњецк киднапираа полски католички свештеник. Конзулатот на Полска се обидува да издејствува негово ослободување, но не се знае што бараат за негово ослободување. Нема нови информации и со тимот на ОБСЕ со кој организацијата нема контакт веќе трет ден. Поради лошата безбедносна ситуација, во градот е прогласен полициски час.
„Полицијата нема доволно информации за борбите од двете страни. Се информираме од цивилите“, вели Јури Седнев, шеф на полицијата на Доњецк.
Чеченскиот лидер Кадиров, поддржан од Москва, тврди дека не пратил борци во Украина и дека ако таму оперираат Чеченци, отишле по сопствена одлука. Во офанзивата на украинската војска, сепаратистите изгубија 100-тина борци.
