Есенски алергии
Алергиите се хиперсензитивен одговор на имуниот систем на супстанците кои доаѓаат во контакт или влегуваат во организмот. Секоја супстанца која предизвикува алергиска реакција се нарекува алерген...

Доколку имате кашлица, кивавица или пак носот и очите ве чешаат во определени периоди од годината, многу веројатно е дека имате сезонска алергија. Тревата, поленот и мувлата се најчести предизвикувачи на сезонски алергии.
Многу пролетни алергии почнуваат во февруари и обично траат до почетокот на летото. Благи зимски температури може да предизвика растенијата да опрашуваат многу порано. Дождлива пролет исто така може да го забрза растењето на растенијата кое може да доведе до зголемување на мувлата, предизвикувајќи симптомите да траат до есента.
Алергиите се хиперсензитивен одговор на имуниот систем на супстанците кои доаѓаат во контакт или влегуваат во организмот. Секоја супстанца која предизвикува алергиска реакција се нарекува алерген.
Имунолошкиот систем на луѓето кои се алергични на полен, овие безопасни честички ги препознава како страни и опасни ,при што во крвната циркулација се ослободуваат хемиски супстанци,меѓу кои и хистамин. Токму ослободувањето на тие хем.супстанци ги причинува алергиските симптоми.Алергиите се тригерирани од поленовите честички кои носени од ветерот, доаѓаат во контакт со кожата, носот и очите. Првиот пат кога организмот се среќава со специфичниот алерген, кај луѓе со предиспозиција кон алергии, не настапува алергиска реакција.
Сезонските алергии својот врв го достигнуваат помеѓу Април и Мај, кога концентрацијата на полен во воздухот е највисока.
Алергиските симптоми настапуваат ненадејно и траат онолку долго колку што личноста е експонирана на алергенот. Најчести симптоми се кивање, чешање на носот и грлото, назална конгестија и секреција на бистра,воденикава течност и кашлање.
Кај настинката покрај претходните симптоми се вообичаени и појава на болка во грлото, сува надразнителна кашлица и може да има и благо покачување на телесната температура. Најчести причинители на настинката се вирусите.
Хроничниот перзистентен ринитис за разлика од сезонскиот трае подолго време дури и преку целата година, а често е присутен и кај пациенти со бронхијална астма, акутен и хроничен риносинузит.
Тревите, зеленилото, дрвјата и ослободувањето на поленот во воздухот, како и домашната прашина, паразитските честички грини, мувлата, влакната од домашните миленичиња се честа причина за појава на непријатни алергиски реакции кај луѓето.
Катерина Стојановска Десковска