Тренчевска: Човековите права не важат само за одредена група на граѓани, туку за секој еден без исклучок
Конференцијата има за цел да промовира дијалог со цел да се изнајдат подобри начини за справување со дискриминацијата, погрешните информации, дезинформациите, лажните вести и говорот на омраза помеѓу претставници од Собранието, Владата, институциите за човекови права, академската заедница, медиумски работници, граѓанското општество, ОН и партнерите...

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше дел од панел дискусијата „Справувањето со дискриминацијата како двигател за развој“ која беше дел од годишната конференција на Обединетите нации за 2023 година „Слобода, еднаквост и правда за сите“.
Конференцијата има за цел да промовира дијалог со цел да се изнајдат подобри начини за справување со дискриминацијата, погрешните информации, дезинформациите, лажните вести и говорот на омраза помеѓу претставници од Собранието, Владата, институциите за човекови права, академската заедница, медиумски работници, граѓанското општество, ОН и партнерите кои ѝ даваат поддршка на земјата кон нејзиниот забрзан напредок кон Целите за одржлив развој и пристапувањето кон Европската Унија.
Тренчевска во своето обраќање зборуваше за одговорностите на Министерството за труд и социјална политика и за неговите надлежности истакнувајќи дека еднаквоста, недискриминацијата и социјалната правда се приоритет. Таа посочи дека во време кога развиена е вештачката интелигенција и во време кога е во подем технолошкиот развој, општеството сè уште нема доволно капацитет да живее во духот на толеранцијата и прифаќањето.
Таа истакна дека главните решенија на предизвикот со дискриминацијата е подигање на свеста и негување на култура на почитување уште од најрана возраст, стои во соопштението од МВР.
