МВР
Претрес во Штип, пронајдени дрога и куршуми
24.10.2023 11:46
При извршен претрес во домот на Р.А. биле пронајдени куршуми, додека кај С.С. била пронајдена марихуана, дробилка и сигнален пиштол.

Полициски службеници од СВР Штип вчера ги лишиле од слобода Р.А.(33), С.С.(23) и еден малолетник, сите тројца од Штип. При извршен претрес во домот на Р.А. биле пронајдени куршуми, додека кај С.С. била пронајдена марихуана, дробилка и сигнален пиштол.
За случајот било известено Основно јавно обвинителство Штип, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР.
