Град Скопје: Реконструкција на улицата „808“ во општина Гази Баба
Во првата фаза се изврши реконструкција на водоводната и атмосферската мрежа, а покрај реконструкција на коловозот на површина од 9.200 метри и должина од 1.000 метри, се изведуваат соодветно пешачка и велосипедска патека од двете страни на коловозот, соопштуваат од Град Скопје.
Градот Скопје отпочна со втората фаза на градежните работи за реконструкција на улица „808“ во општина Гази Баба. Како што истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, при увидот во градежните активности на терен, оваа улица не била реконструирана повеќе децении.
Во првата фаза се изврши реконструкција на водоводната и атмосферската мрежа, а покрај реконструкција на коловозот на површина од 9.200 метри и должина од 1.000 метри, се изведуваат соодветно пешачка и велосипедска патека од двете страни на коловозот, соопштуваат од Град Скопје.
Улицата „808“ е една од најфреквентните сообраќајници во овој дел од општина Гази Баба, а по истата се движат и голем број на товарни возила бидејќи се работи за индустриска зона, истакна Арсовска.
Реконструкцијата се врши на потег од крстосницата со улица „16 Македонска Бригада“ кај централната база на Противпожарната бригада до крстосницата со булеварот „Киро Глигоров“, а градежните работи на улица „808“ ги изведува јавното претпријатие „Улици и патишта Скопје“.
