Кривична пријава за 23-годишна скопјанка која нелегално тргувала со отпад
На самото место е затекната пријавената како неовластено тргува со отпад без да поседува дозвола за вршење дејност за управување со отпад...

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Д. (23) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 ст. 3 од КЗ.
Како што соопштува МВР, при извршена контрола на 27.07.2023 од страна на полициски службеници од ЕЕКК и инспектори од Државен пазарен инспекторат и Државен инспекторат за животна средина, на нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во општина Чаир, на самото место е затекната пријавената како неовластено тргува со отпад без да поседува дозвола за вршење дејност за управување со отпад издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.
