Пожар го пеплоса училиштето „Дрита“ во Рашче

28.05.2014 15:27

Огнот избил еден час пред полноќ. Седум противпожарни возила ја гаснеле огнената стихија...

За 420 ученици од основното училиште „Дрита“ во скопско Рашче училишното ѕвонче утринава не го означи стартот на наставата. Пожарот пеплоса канцеларии и спортската сала, училниците се спасиле.

„Верувам дека во ова што остана неопожарено, нема да имаме проблеми и до крај ќе се одвива наставата“, изјави Рамадан Ковачи- директор на ОУ „Дрита“.

Огнот избил еден час пред полноќ. Седум противпожарни возила ја гаснеле огнената стихија. Според информациите причината за пожарот е старата електрична инсталација, а колкава е материјалната штета допрва ќе се утврдува. 

Од утре наставата ќе продолжи. Во наредните денови ќе се спорведе и екстерното тестирање.

„Ако се слиучи било каков проблем кој што може да наметне, проблеми при реализација на екстерното тестирање, за ова училиште ќе имаме извесни остапки, за да можеме да го реализираме повторно тоа ќе биде во тие 10-ина дена и учениците нема да бидат доведени во ситуација во текот на летниот одмор да доаѓаат да полагаат“, изјави министерот за образование, Спиро Ристовски.

Министерството за образование и општината сарај финансиски ќе помогнат во обновувањето на училиштето.

 

Андријана Атанасовка