Тетовските пензионери и денеска на протест
Пензионерите од Тетово и денеска го блокираа влезот на градот, а организираа и протестен марш. Велат дека нема да се откажат од нивните барање за минимална пензија од 20.000 денари и линеарно покачување од 5.000 денари...

Мислат дека ќе нè добијат на кондиција, но не се откажуваме, ни сме како старо дрво со длабоки корени, порачаа денеска тетовските пензионери.
Тие најпрвин го блокираат влезот на Тетово, а потоа со протестен марш се упатија кон центарот на градот. Нас не обединува гладот, ние не се занимаваме со политика, но си ги бараме само нашите права.
„Голем дел од нас се со ниски примања, ако се земе предвид дека Тетово некогаш важеше за текстилен град со ниски плати“, вели пензионерката Летка Мишевска.
„Но и ден денеска има луѓе кои излегуваа во пензија со 10.000 денари, со кои не можеш ниту половина од месецот да го поминеш“, дополни Мишевска.
Блокадата и протестниот марш траеше околу половина час. Заврши мирно, со мал застој во сообраќајот низ градот.
Зоран Димовски
