Собрание
Идните амбасадори ги претставуваат платформите
24.10.2023 13:34
Кандидатите за амбасадори ги презентираат плановите за идните дипломатски активности. Тоа се финални чекори пред заминување во амбасадите во Бразил, Србија, Кина, Романија, Израел и Полска. Според министерот за надворешни работи Османи, голем процент од нив се дипломати од кариера...
Земјава по неколку години ги пополнува испразнетите амбасадорски места во неколку клучни главни градови - Белград, Тел Авив, Пекинг, Бразилија, а нови амбасадори ќе има и во Варшава, во Берлин и во Букурешт. Идните амбасадори денеска пред собраниската Комисија за надворешна политика ги презентираат своите платформи. Миле Ристески известува од Собранието.
