Тенис – Ролан Гарос

Сензација, елиминирана Серена!

28.05.2014 15:28

Венус Вилијамс има седум грен – слем трофеи, но последниот го освои пред шест години. Единственото финале на Ролан Гарос, Венус го загуби од Серена во 2002-та година...

Неочекувано, двете сестри Вилајмс го завршија Ролан Гарос во ист ден и тоа уште во второто коло, но сензационлен е поразот на Серена. Најдобрата светска тенисерка нема да ја брани титулата во Париз затоа што загуби од 35-та на ВТА листата Гарбине Мугуруза. 20-годишната шпанска тенисерка ја понижи двојната победничка на турнирот на најпознатата „црвеница“, совладувајќи ја со двапати по 6:2 за 64 минути игра.

32 - годишната Серена Вилијамс направи неверојатни 29 неизнудешни грешки, а оствари само осум директни поени, па затоа првпат во кариерата, откако е најдоброрангирана во светот, нема да биде дел од втората недела на некој од грен –слем турнирите. Американката досега освои 17 трофеи од „големата четворка“. Од неа поуспешни се само одамна пензионираните, Германката Штефи Граф со 22 и Американките Крис Еверт и Мартина Навратилова со по 18 пехари.

Една година постарата Вилјамс, Венус веќе подолго време не е дел од светскиот тениски врв, па нејзиниот пораз од Ана Шмиедлова и не влегува во категоријата, чуда. 19-годишната словачката тенисерка која е 56-та во светот славеше со 2:6, 6:3 и 6:4 затоа што освои осум од последните девет гема во мечот.

Венус Вилијамс има седум грен – слем трофеи, но последниот го освои пред шест години. Единственото финале на Ролан Гарос, Венус го загуби од Серена во 2002-та година.

Интересно, двете денешни победнички Мугуруза која е родена во Венецуела и Шмиедлова ќе играат меѓусебе во третото коло.