Дипломатскиот синдикат со реакција за платата на Османи
Синдикатот во повеќе наврати алармирал дека просечната плата во МНР е под просекот во државата, а воедно е најниска споредена со дипломатите во регионот, пишува меѓу другото во реакцијата на Синдикатот.

Македонскиот дипломатски синдикат е загрижен од последната изјава на министерот Османи за виден интерес единствено за сопствената плата, и притоа во ниеден момент не се осврнува на ниските плати кои станаа стандард во министерството со кое раководи.
Оттаму велат дека фрапантно е што на првиот човек во дипломатијата не му е важно со колкави примања живеат професионалните дипломати. Додаваат дека Синдикатот во повеќе наврати алармирал дека просечната плата во МНР е под просекот во државата, а воедно е најниска споредена со дипломатите во регионот, пишува меѓу другото во реакцијата на Синдикатот.
Итно бараме во иста пропорција со платите на функционерите да бидат зголемени и примањата на дипломатите, особено што товарот на секојдневната работа е на тие со примања под државниот просек. Притоа, целосно ги отфрламе неприфатливите оправдувањата дека не постои тековно законско решение за уважување барем на дипломатскиот статус, кога во актуелниот Закон за надворешни работи се предвидува додаток за дипломатско звање, кој во овој момент изнесува срамни бруто 163 денари за највисокото дипломатско звање амбасадор, велат од Синдикатот.
