Планови и проекти на идните кандидати за амбасадори
Седум кандидати за амбасадор ги презентираат плановите за идните дипломатски активности, финални чекори пред заминување во амбасадите во Бразил, Белград, Кина, Букурешт, Израел, Полска...

После седум години, во Кина се испраќа нов амбасадор на земјава, во соседна Србија цели шест години амбасадата беше со вршител на должност. Сега, деветмина амбасадори заминуваат во осум земји и во ОБСЕ. За Никола Тупачевски, кој заминува во Србија, односите ни се на највисоко можно ниво, но, за Шпенд Садики кој патува во горливиот Израел, треба да се зголеми секторската соработка во трговијата и туризмот, да се отвори авиолинија и да се зголеми трговската размена.
За Антонио Милошоски грешката не е во номинираните кандидати за амбасадори, туку во несовесното работење на претседателот Пендаровски и министерот Османи, бидејќи се калкулирало со политичките интереси на штета на дипломатијата и политиката.
Министерот Османи за идните амбасадори, вели дека поголемиот дел се досегашни први луѓе на директорати во МНР, а помал дел се луѓе од општествениот живот кои се надвор од дипломатската мрежа.
Миле Ристески
