Анкета на „Евротинк“: Граѓаните сметаат дека државата оди во погрешна насока
Голем е бројот на Македонци кои сметаат дека државата оди во погрешна насока. Ова го покажува последната анкета на „Евротинк“. Но сепак, половина од нив би сакале земјата стане дел од европското семејство...

Според анкетата на „Евротинк“ има пораст на испитаниците што се изјасниле за ЕУ, 53 насто наспроти ланските 49. За 30 насто Македонија никогаш нема да влезе во Унијата, а 12 проценти се со став дека членството ќе се случи за 5 до 9 години. За најголема закана во надворешната политика, анкетираните се изјасниле дека е Бугарија, а за најголем пријател Србија.
Судството и фундаменталните права се важни, за 54 проценти во рамките на пристапниот процес и преговорите. Сличен процент ги истакнуваат правдата, слободата и безбедноста.
На прашањето како се информираат за политичките теми и меѓународната организација, повеќе од половина од испитаниците се изјасниле дека тоа го прават преку интернет, а над четириесетина насто преку ТВ медиумите.
Истражувањето на „Евротинк“ е направено во рамките на проектот „Медиумите за ЕУ“, во период од 4-ти до 21-ви септември годинава, на 1.003 испитаници, од агенцијата „Брима“.
Наташа Гркова-Петрушевска
