Се реконструираат мостовите низ Македонија

28.05.2014 15:50

Се зајакнува носечката конструкција на повеќе мостови во државава. Дел од нив иако со видливи оштетувања во дотраена состојба со децении оставени на забот на времето, фрекфентни за сообраќај. Велешкиот мост „Гемиџии“ по десетина години оштетен - потпрен на метално скеле дочека санација...

Градежните работи се интензивираат, реконструкцијата на регионалниот мост Гемиџии да заврши до крајот на октомври. Изграден пред шест децении, во дотраена состојба со видливи оштетувања маскирани со  ситни поправки, прв пат целосно ќе се реконструира главната сообраќајна врска меѓу левата и десната страна на Велес. Ќе се потрошат 33 милиони евра.

Станува збор за комплетно вадење на сите слоеви од мостот, доаѓање до носива  конструкција, вели Љупчо Георгиевски, директор на Агенцијата за патишта на РМ.

„Станува збор за комплетно вадење на сите слоеви од мостот, доаѓање до носивата конструкција, којашто истата е дотраена поради користење на повеќе од 50 години. Истата се санира, се армира, се појачуваат носечните столбови, па потоа одново ќе се асфалтира, ќе се уредат тротоарите, ќе се направи онака како што треба да биде за пред се да биде безбеден мостот“, објаснува Георгиевски.

До јули се очекува да завршат градежните активности на горниот дел, за мостот долг 174 метри да биде оперативен за сообраќај, а до крајот на октомври да финализира и  санацијата на носечката конструкција.

Мостот на Гемиџиите е изграден во петтата деценија на минатиот век. Ова е негова посериозна реконстукција откако повеќе од 10 години стоеше потпрен на една метална констукција.

Нов мост се гради и кај Злеово Радовишко, двојно поголем и поширок од стариот што се сруши во 2013- тата. Од државната каса за негова изградба по сите стандарди се одделени 1, 9 милиони евра. Со средства од НАТО се санираат и 13 мостови на автопатот Велес- Катланово. Проект тежок 6,8 милиони евра. Треба да заврши до јуни 2015- тата. Досега за зајакнување на вкупно 51 мост долж Коридорот 10 се потроешени 22,5 милиони евра.

 

Сузана Фиданска- Стоевска