Скопје

Престрелка во „Ист Гејт Мол“, двајца ранети

24.10.2023 17:04

Попладнево со автоматско оружје е отворен оган во трговскиот центар во Ист Гејт Мол во Скопје...

Попладнево со автоматско оружје е отворен оган во трговскиот центар во Ист Гејт Мол во Скопје.

Според првичните информации од МВР, е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош.

Полициските екипи се упатени на самото место и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова е втор вооружен инцидент во шопинг центарот за два месеци.