Ракомет – трансфери

Ристовски во Кретеј!

28.05.2014 16:02

За Ристовски ова ќе биде клуб од трета европска земја откако претходно играше за шпанските Теукро и Алгесирас, како и за германски Гумерсбах за кој настапуваше минатата сезона...

Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски направи нов чекор во кариерта и го избра француски Кретеј за нов клуб. Откако ги мина задолжителните лекарски прегледи, 31-годишниот Ристовски потпиша тригодишен договор со екипата од предградието на Париз којашто од следната сезона повторно ќе игра во најквалитетната француска конкуренција.

За Ристовски ова ќе биде клуб од трета европска земја откако претходно играше за шпанските Теукро и Алгесирас, како и за германски Гумерсбах за кој настапуваше минатата сезона.

Со оглед на професионалноста на екипите и одличната организација на првенството, Ристовски најверојатно ќе заработи околу петстотини илјади евра доколку до крај го одработи договорот со Кретеј. 

Откако денеска ги заврши формалностите, нашиот голман веднаш ќе и се приклучи на македонската репрезентација на подготовките во Охрид, во пресрет на мундијалските бараж дуели со Грција на 7 јуни во Атина и на 15-ти наредниот месец во Скопје.