Временска прогноза

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

25.10.2023 08:09

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер..

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Попладне во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16 степени, а максималната ќе достигне 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а максималната температура ќе достигне до 23 степени.