Ракомет

Почнува мисијата-преку Грција на светско

28.05.2014 16:04

На подготовките ќе се стартува без Борко Ристовски и капитенот Кирил Лазаров кои ќе се приклучат подоцна...

Охрид ќе биде подготвителниот пункт на македонските ракометари. Тие од денеска ги започнуваат подготовките за бараж двомечот со Грција. Се мине ли нашиот јужен сосед, а не треба и не се размислува поинаку, континуитетот на ракометните мундијалите ќе го задржиме.

На подготовките селекторот Ивица Обрван ќе ги нема на располагање голманот Петар Ангелов поради повреда на грбот, како и Наумче Мојсовски кој пак, е во завршна фаза на рехабилитацијата. Ниту на Стојанче Стоилов ќе неможе поради опоравувањето од повредата и операцијата на коленото да одговори на потребите на националниот тим. Тоа значи дека на овие тројца репрезентативци со сигурност нема да се смета за дуелот во Атина на 7 јуни, додека за настапот на реваншот на 15-ти јуни во Скопје, ќе се размислува тековно.

На подготовките ќе се стартува без Борко Ристовски и капитенот Кирил Лазаров кои ќе се приклучат подоцна. Борко, поради потпишувањето на новиот договор со неговиот иден клуб, додека Кире има обвркси со Барселона во фајнл-фор елитната завршница.

Дел од репрезентацијата се и супер талентираниот Филип Талески, како и младиот голман Стефан Кимевски обајцата од Металург Јуниор.