Култура

МНТ вечерва пред српската публика

25.10.2023 09:50

Театарскиот фестивал „Борини позоришни дани“ кој се одржува во Врање, а основан во чест на познатиот српски писател (претставник на романтизмот) Боривое Бора Станковиќ, е еден од најреномираните театарски фестивали чие мото годинава е „Театарот во трауматизираното општество“.

Македонскиот народен театар вечерва на сцената „Бора Станковиќ“ во Врање ќе ја изведе претставата „Народен непријател“. Оваа претстава ќе биде една од седумдесетте кои селекторот Слободан Савиќ (театарски критичар и уредник во РТС), ги избра и покани за учество на Меѓународен театарски фестивал „Борини позоришни дани“ што годинава се одржува по 43-ти пат.

Театарскиот фестивал „Борини позоришни дани“ кој се одржува во Врање, а основан во чест на познатиот српски писател (претставник на романтизмот) Боривое Бора Станковиќ, е еден од најреномираните театарски фестивали чие мото годинава е „Театарот во трауматизираното општество“.

Претставата „Народен непријател“ е работена по текст на Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ. Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски.

Фестивалот се затвора на 28-ми октомври.

 

Фото: МНТ