Почна новата сезона во НБА-лигата, Јокиќ со трипл- дабл во победата на Нагетс над Лејкерс
25.10.2023 10:01
Почетокот на првенство го одбележа Никола Јокиќ со трипл- дабл во победата на Нагетс над Лос Анџелес лејкерс. Србинот мечот го заврши со 29 поени, 13 скока и 11 асистенции.
Со два одиграни натпревара вчера вечер отворена е сезоната 2023/ 24 во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.
Почетокот на првенство го одбележа Никола Јокиќ со трипл- дабл во победата на Нагетс над Лос Анџелес лејкерс. Србинот мечот го заврши со 29 поени, 13 скока и 11 асистенции.
Во поразениот тим се истакна Леброн Џејмс со 21 поен, 8 скока и 5 асистенции.
Резултати:
Денвер нагетс – Лос Анџелес лејкерс 119:107;
Голден Стејт вориорс – Феникс санс 104:108.
Фото/ Извор: МИА
