Ореви - едни од најздравите плодови кои му даваат енергија на организмот
Оревите имаат значително поголемо количество на омега 3 масни киселини од сите други јатки...
Оревите содржат многу нутритивни придобивки и се наоѓаат на листата на 30 најздрави намирници што треба да се јадат секој ден. Тие содржат мелатонин, соединение кое помага во пренесување на пораките во рамките на телото за циклусот на менување на денот и ноќта. Со јадењето ореви го зголемуваме нивото на мелатонин и според тоа си овозможуваме мирен сон. Оревите го намалуваат крвниот притисок.
Диеталните масти во оревите го намалуваат ризикот од посериозни компликации поврзани со дијабетес тип 2, како бубрежните заболувања.
Оревите имаат значително поголемо количество на омега 3 масни киселини од сите други јатки. Тоа се есенцијални масни киселини чиј препорачаниот внес на дневна база е 1,6g за мажи и 1,1g за жени. Овие есенцијални потреби можат да бидат обезбедени со еден оброк во кои се содржани оревите.
Оревите содржат неколку ретки антиоксиданси кои ретко се среќаваат во храната која секојдневно ја конзумираме.
Откриено е дека само со седум ореви дневно може да се спречи развивање на срцевите заболувања и тие се наоѓаат на листата на најздрави производи кои треба секојдневно да се консумираат. Оревите се едни од најздравите плодови кои му даваат енергија на организмот, но и спречуваат разни болести.
Оревите се единствени меѓу јаткастите плодови што содржат речиси целосно здрави полинезаситени масти.