Повредените при пукањето во „Ист гејт мол“ во релативно стабилна состојба, МВР трага по напаѓачот
Двајцата повредени се релативно стабилни, но нивната состојба се следи будно. Едниот е во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Другиот пак, е на лекување на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија...
За само два месеца нов вооружен инцидент во најголемиот трговски центар во Скопје. Со огнено оружје било стрелано кон две лица, кои се здобиле со тешки прострелни рани.
Двајцата повредени се релативно стабилни, но нивната состојба се следи будно. Едниот е во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Другиот пак, е на лекување на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија.
МВР трага по напаѓачот, а објави и негова фотографија. Бара помош и од граѓаните ако го видат или препознаат, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112.
