Тренчевска: Наградите за БЗР, се одличен пример, патоказ и инспирација и за останатите компании во државата
По повод Европската недела на безбедност и здравје при работа, Министерството за труд и социјална политика и Советот за безбедност и здравје при работа, во партнерство со Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје...

По повод Европската недела на безбедност и здравје при работа, Министерството за труд и социјална политика и Советот за безбедност и здравје при работа, во партнерство со Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје, организираа настан за одбележување на оваа недела и за обележување на заедничкиот придонес кон подигнувањето на свеста за улогата и значењето на заштитата на здравјето и безбедноста на работните места.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес го отвори настанот и се заблагодари на сите релевантни чинители кои континуирано даваат придонес кон заедничките заложби во делот на унапредување и подобрување на безбедноста и здравјето при работа.
Министерката објасни дека согласно веќе воспоставената пракса беше реализирана и спроведена постапката на оценување на системите за БЗР во рамки на компаниите од Република Северна Македонија кои се пријавија на јавниот повик. Таа посочи дека изборот и оваа година е во организација на Советот за БЗР, со поддршката од Министерството за труд и социјална политика, и со вклученост на стручни лица за безбедност при работа и доктори по медицина на трудот кои учествуваа во евалуацијата на компаниите.
Таа го најави и отпочнувањето и на новата кампања на Министерството.
На крајот од настанот беше доделена и Националната Награда за компанија со најдобро имплементиран систем за Безбедност и здравје при работа за 2023 година.
Добитници на наградите се: Рудник „САСА“, Алкалоид – Скопје и Раде Кончар ТЕП – Скопје, стои во соопштението од МТСП.
