Косово-Србија
Курти: Доколку Србија не биде казнета, нема да има дијалог
25.10.2023 12:22
Косовскиот премиер Курти, вели дека доколку Србија не биде казнета или не се воведат санкции по нападот во Бањска на 24 септември, дефинитивно нема да има дијалог...

Косовскиот премиер Курти вели дека доколку Србија не биде казнета или не се воведат санкции по нападот во Бањска на 24 септември, дефинитивно нема да има дијалог. Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Курти вели дека е важно Србија да се соочи со последиците.
Лидерите на Косово и Србија се очекува утре да се сретнат во Брисел, првпат по инцидентите на северот, откако изминатата недела големата петорка ги посети Косово и во Приштина.
