Украина
Воените дејствија на украинска територија продолжуваат
25.10.2023 12:22
Уништени инфраструктурни објекти во западниот украински регион Хмелницки за време на напад со руски беспилотни летала..

Не запираат воените дејствија на украинска територија. Уништени инфраструктурни објекти во западниот украински регион Хмелницки за време на напад со руски беспилотни летала.
Ударниот бран оштетил станбени згради и возила, има повредени. Украинската војска објави дека воздушните сили уништиле сите 11 руски беспилотни летала лансирани кон Украина.
