Македонија- лидер во ЈИЕ според индексот на економски слободи
Нашата земја во поседниот извештај е рангирана на 43-тото место од 184 држави. Според ова рангирање, Македонија е лидер во регионот и подобра од дваесетина земји-членки на ЕУ...

Како да се подобри рангирањето на Македонија во извештајот на Херитиџ и Волстрит Журнал за економските слободи? Ова беше главна тема на средбата меѓу вицепремиерот Зоран Ставрески и претставници на Фондацијата.
Нашата земја во поседниот извештај е рангирана на 43-тото место од 184 држави. Според ова рангирање, Македонија е лидер во регионот и подобра од дваесетина земји-членки на ЕУ.
Вицепремиерот Ставрески истакна дека постои задоволство што Македонија е лидер во ЈИЕ по индексот на економски слободи.
Херитиџ фондацијата секоја година објавува извештај за економската слобода врз базирана на четири области.
