Македонија

Ковачевски: Со поддршка на ЕУ отвораме најголем форензички оддел во регионот

25.10.2023 12:39

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на отворање на нов објект за форензички испитувања, во рамки на Министерството за внатрешни работи...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на отворање на нов објект за форензички испитувања, во рамки на Министерството за внатрешни работи.

Премиерот Ковачевски имаше обраќање пред присутните, упати поздрави до припадниците на Министерството за внатрешни работи, што од денеска добиваат најсофистицирана и најсовремена опрема, зграда и сè што е потребно за најдобри услови за работа, а нашата држава ќе биде препознатлива по тоа што добива најголем објект за форензички испитувања во регионот. За прв пат во историјата на службата за форензички испитувања во Република Северна Македонија, на вакво високо ниво ги унапредуваме условите за работа на припадниците на МВР, од друга страна овие модерни и добро опремени форензички лаборатории, ќе бидат корисна алатка на полицијата и правосудниот систем во борбата со криминалот, што ќе резултира со поквалитетна истрага и зголемена откривачка дејност. Ова овозможува нашата полиција да биде во чекор со современите постапки, европски практики и стандарди.

Овој концепт на форензичка служба ги отвора вратите на нашите професионалци-форензичари непречено да учествуваат и во регионални и меѓународни проекти, но е и можност за продлабочување на соработката со форензичките служби од државите од регионот и Европската Унија.

Ја поздрави и заложбата на сите чинители, посебно Европската Унија која континуирано вложува и средства, и знаење и едукација во државните институции, за што поажурно и поуспешно справување во борбата со криминал и корупција. На вработените во Одделот за форензички испитувања им посакувам успешна работа, во служба на граѓаните. Условите кои ги обезбедивме се модерни и европски, затоа очекувањата на сите нас се независни, правични постапки, испорачување на квалитетни услуги за граѓаните, за постапките пред обвинителството и пред судовите.

Се заблагодари и му честита и на министерот Спасовски, и на неговиот тим во МВР заедно со сите нивни колеги кои во рекордно време успеаја да го завршат и овој објект, меѓутоа и 80 други објекти низ државата, се разбира од буџетски средства но и со помош на ЕУ, стои во соопштението од Влада.