Кривичен суд

Ново рочиште за случајот „Талир“, застарува делото на Јанакиески

25.10.2023 12:45

Обвинителката Ленче Ристоска побара да застари делото на Миле Јанакиески. Како што образложи пред судот во конкретниот случај, има основ за примена на новите измени во Кривичниот законик во членот 353, односно за кривичното дело злоупотреба на службената положба...

Денеска во Кривичниот суд ново рочиште за случајот „Талир“. Обвинителката Ленче Ристоска побара да застари делото на Миле Јанакиески.

Како што образложи пред судот во конкретниот случај, има основ за примена на новите измени во Кривичниот законик во членот 353, односно за кривичното дело злоупотреба на службената положба.

Во однос на другите обвинети, Ристоска предложи да продолжи расправата и смета дека за Илија Димовски, Кирил Божиновски и Леко Ристовски, предлогот за застарување на делото е неосновано.

Судијата Осман Шабани побара од обвинителката да го прецизира обвинението со точни датуми и на наредното рочиште на 10-ти ноември ќе се произнесе по сите предлози.

Предметот „Талир“ се однесува за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Обвинети се Никола Груевски, Миле Јанакиески, Илија Димовски, Кирил Божиновски и Леко Димовски.