МЗТ Скопје аеродром – Банвит

Деби на Зоран Мартич на клупата

04.12.2013 12:24

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва го играат натпреварот од 8 -то коло, во рамките на ’’Г’’ групата од УЛЕБ Еврокупот. Противник на македонскиот шампион е турскиот Банвит Бандирма, кој во првото соочување славеше убедливо, со 85:61, па вечерашниот дуел во Скопје ќе биде добра можност за реванш.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва го играат натпреварот од 8 -то коло, во рамките на ’’Г’’ групата од УЛЕБ Еврокупот. Противник на македонскиот шампион е турскиот Банвит Бандирма, кој во првото соочување славеше убедливо, со 85:61, па вечерашниот дуел во Скопје ќе биде добра можност за реванш.

Најдобар поединец во тој дуел беше кошаркарот од Доминиканската Република, Сами Меиха, кој постигна 19 поени, а имаше и 8 скокови. Зад него беа тандемот Американци, Дејвис и Гордон, со по 15, односно 13 поени. Во редовите на МЗТ Скопје А. Чековски оствари 13 поени и 7 скокови, 12 поени постигна Рејнолдс, а Гечевски придодаде 10 поени.

Банвит котира на 4 –та позиција на табелата, со 3 победи и 4 порази, а МЗТ е на последното место со 1 победа и 6 порази, колку што има и естонскиот КалевТалин. Уникс е лидер со 14 бода, пред Макаби со 12, и Рига со 10 бодови.

Иако досегашните настапи на македонскиот шампион се под очекувањата, вечерва дополнителен стимул за екипата ќе им биде и новиот тренер Зоран Мартич, кој ќе дебитира на клупата. Поранешниот селектор на младата репрезентација ( -20 год.) на Словенија, која ја освои европската шампионска титула во Охрид 2000 –та година, како и на вицешампионската (- 22 год.)  во Трапани 1998 –та, по работата во неколку клубови во Словенија, во Црна Гора, Унгарија,  Кипар и во Украина, ќе се обиде да ги подобри резултатите на неговиот претходник, Влада Вукоичиќ.

Поволна околност е тоа што  во составот на МЗТ Скопје А. сите кошаркари се во строј, со исклучок на Огнен Николовски, кој подолго време ќе паузира.  Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Банвит се игра во спортскиот центар ’’Борис Трајковски’’ со почеток во 18 часот, а преносот на МРТ1 почнува десет минути претходно.     

Во рамките на ова коло во групата, денес играат уште Уникс Казан – Калев Талин, и Макаби – Рига.

Горан Милковски