Во Кочани протест против изградба на хидроцентрала на Мала Река
„Не сакаме река во цевка“ порачаа жители на Кочани на протестот кој еко активистите го организираа против изградба на хидроцентрала на Мала Река кај браната Градче и ги повикаа еколошките инспектори да излезат на терен. Инвеститорот работи на подготовка на теренот за градба, екологистите ја продолжуваат со протести …

Мини хидроцентралата на Мала Река ќе го уништи екосистемот близу заштитеното подрачје на Осоговијата. Се крши и Законот за води во делот на наводнувањето и на квалитетот на водата за пиење, алармираат екологистите во Кочани.
Тешката механизација која е на терен го оштетува пристапниот пат, затоа граѓаните бараат Обвинителството да реагира и да провери како е дадена концесија без јавна расправа во Кочани.
Мини хидроцентралите немаат ниту еколошка, ниту економска оправданост, сметаат екологистите од скопска Гази Баба.
Мини хидроцентрала на Мала Река е проект од 2016 година. Од тогаш се и протестите на кочанчани. Институциите се изјаснија дека нема законска пречка за градба. Еко активистите најавуваат интензивирање на протестите.
Славица Величковска
