Здравство

Стартуваше вакцинацијата против сезонски грип

25.10.2023 16:36

Почна вакцинацијата против сезонски грип. пунктовите отворени, набавени 60 илјади дози четиритипни вакцини за бесплатна имунизација на ранливите категории...

Граѓаните кои со вакцина се штитат од сезонски грип и оваа година дојдоа во вакциналните пунктови.

Преку смс-порака ќе добијат информации за точниот датум, час и место за вакцинирање.

Обезбедени се четиритипни вакцини. Првиот човек на Комисијата за заразни болести вели ги следиме препораките на СЗО.

Имунизацијата почна навреме, но грипот пристигна пред вакцините. Тоа не може да се предвиди, велат лекарите.

Амбулантите на матичните лекари се полни, во последните две недели двојно е зголемен бројот на пациенти коишто бараат лекарска помош. Респираторните вируси во овој период прават најмногу проблеми.

 

 

Наташа Јанчиќ-Менковски