Анкетна комисија за „Онкологија“

Тодоров: Разводнување е најлоша политичка одлука

25.10.2023 17:27

Анкетната комисија продолжи со сослушување на останатите функционери за случајот „Онкологија“. Денеска пред пратениците седна поранешниот министер Никола Тодоров, како и тројца заменици министри. Со отворање на овој случај во Обвинителството, новоименуваната медицинска директорка добила задача еднаш неделно да свика онколошки колегиум и докторите сите проблеми да ги стават на маса...

Чувствителна тема која до срж може да ги разори чувствата на пациентите и нивните блиски, поранешниот министер за здравство Тодоров смета дека единствената работа на која треба да се инсистира е секоја информација длабински да се испита и истражи. Според него, разводнувањето на скандалот е најлошата можна политичка одлука. Додава и дека лекарите кои го сочинуваат тумур-бордот треба да одлучат кој пациент каква терапија ќе прима, а не еден доктор, а најмалку директор.

Дали и колку овластувања имаат заменик-министрите за здравство? Се поставува прашањето откако пред Анкетната комисија за Онкологија одговараа поранешните заменик-министри. Во тоа време немав пишано овластување од министерот, посочува Хасани. Вели дека не чувствува никаква одговорност за тоа што се случи на Онкологија, бидејќи тој како заменик-министер имал лимитирани овластувања.

Рендевски вели со овој случај се одвлекуваат пациентите од државното здравство.

Сегашната заменик-министерка Манолева нагласи дека новото раководство на Клиниката од минатата година со голема заложба се обидува да ги отстрани недостатоците констатирани од страна на Државниот завод за ревизија.

Анкетната комисија во Собранието која треба да утврди дали има политичка одговорност за скандалот со Онкологија.

Одлуката за Анкетна комисија беше донесена на 20-ти септември, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка.

 

Ана Јосифоска-Тодоровска