Русија
Москва ја повлече ратификацијата на нуклеарниот договор
25.10.2023 18:13
Москва се повлекува од ратификацијата на глобалниот договор за забрана на тестирање на нуклеарно оружје-законот едногласно усвоен...

Москва се повлекува од ратификацијата на глобалниот договор за забрана на тестирање на нуклеарно оружје-законот едногласно усвоен.
Русија нема да продолжи да разговара со Вашингтон за нуклеарните прашања сè додека САД не ја отфрли непријателската политика. Експертите загрижени дека тоа би можело да доведе до тест што западот би го сметал за заканувачка ескалација во контекст на војната во Украина.
Во меѓувреме не запираат воените дејствија. Уништени се инфраструктурни објекти во западниот регион, има и повредени. Украинската војска објави дека воздушните сили уништиле 11 руски беспилотни летала.
