Временска прогноза

Променливо облачно со слаб до умерен ветер

26.10.2023 08:03

Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно во јужните делови со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 14 степени, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец.