Македонија
Бектеши ќе учествува на деветтиот FMCG SUMMIT
26.10.2023 08:20
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува и ќе се обрати на Деветтиот FMCG SUMMIT во организација на магазинот InStore и Кликер маркетинг...

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува и ќе се обрати на Деветтиот FMCG SUMMIT во организација на магазинот InStore и Кликер маркетинг.
Како што соопштуваат од Министерството за економија, министерот Бектеши ќе биде дел од панел дискусијата со релевантни претставници од секторот за трговија со стока за широка потрошувачка на тема „Кој добива, а кој губи со актуелните мерки? Секторот VS Владата“.
