Панел-дискусија „Политичка и општествена еднаквост на жените на локално ниво“ во Скопје
Панел-дискусија „Политичка и општествена еднаквост на жените на локално ниво“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на „Реактор“ – Истражување во акција...

Панел-дискусија „Политичка и општествена еднаквост на жените на локално ниво“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на „Реактор“ – Истражување во акција.
Настанот е поделен во два панел дискусии, според организаторот, има цел да презентира два тематски продукти кои ја разгледуваат политичката и општествената еднаквост на жените.
Оваа анализа е последователна студија на која ѝ претходи успешно реализирано истражување на истата тема, спроведено од „Реактор“ во 2014 година, а за кое во 2016 година „Реактор“ ја доби и меѓународната награда „Медлин Олбрајт“ на Националниот демократски институт за неговата клучна улога во поддржувањето на политичкото учество на жените во нашата земја, посочуваат од „Реактор“.
