Промоција

Анализа на родовите (не)еднаквости во Северна Македонија

26.10.2023 08:50

Како што информираат од НМСМ, целта на анализата е да даде сеопфатно разбирање за перцепцијата за родова еднаквост помеѓу младите луѓе во нашата држава...

Во организација на Националниот младински совет на Северна Македонија – НМСМ и Мрежата Стела денеска ќе биде промовирана Анализа на родовите (не)еднаквости во Северна Македонија.

Како што информираат од НМСМ, целта на анализата е да даде сеопфатно разбирање за перцепцијата за родова еднаквост помеѓу младите луѓе во нашата држава и да придонесе кон креирање политики согласно потребите на младите во оваа област.

Настанот е дел од проектот „Еднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија“, кој е фокусиран на родовиот јаз.