ЈП Водовод и канализација
Три скопски улици денеска без вода
26.10.2023 09:27
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на реконструкцијата...

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 400 мм. на Булевар 8-ми Септември до Хубо Маркет со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улица Скупи крак 3 и 5, Криви Дол и Момин Поток.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на реконструкцијата, информираат од ЈП Водовод и канализација-Скопје.
