Мејн

Познат идентитетот на напаѓачот кој рани 20-на луѓе во градот Левинстон

26.10.2023 09:39

По него е во тек масовна полициска потера...

Полицијата го идентификуваше напаѓачот кој со огнено оружје уби 20-на луѓе и рани десетици во градот Левистон во американската сојузна држава Мејн. По него е во тек масовна полициска потера. Престрелките се случиле во бар и во кугларница.

Полицијата ги истражува двете фотографии од осомничениот, на кои се гледа како човек на рамо носи оружје.