свет

Ураганот „Отис“ пустоши низ Мексико, најмалку едно лице загинало во невремето

26.10.2023 09:41

Оштетен е системот за рано предупредување на земјотреси на брегот од Пацификот...

Ураганот „Отис“ пустоши низ Мексико. Оштетен е системот за рано предупредување на земјотреси на брегот од Пацификот. Според локалните медиуми, најмалку едно лице загинало во невремето. Бурата од петта категорија го погоди југозападниот брег на Мексико во близина до познатото одморалиште Акапулко. 

Телефонските и интернет врските беа во прекин. Штетата допрвин ќе се проценува.