Новиот претседател на Европската комисија ќе се знае идната недела
Наследникот на Баросо за челната позиција на Европската комисија мора да има поддршка од мнозинството лидерите на ЕУ...

Шефовите на државите и владите на ЕУ, вчера доцна вечерта во Брисел му дадоа мандат на претседателот на Европскиот Совет, Херман Ван Ромпуј, да започне консултации во поглед на изборот за нов претседате на Комисијата, притоа оставајќи ја вратата отворена за сите опции.
Познато е дека фаворит на лидерите на државите- членки е победникот на европските избори –кандидатот на европската десница, Жан- Клод Јункер. Но, по завршувањето на специјалниот самит кој се одржа на само два дена по изборте, првиот човек на Европскиот Совет, Ромпуј, излезе со еднобразна изјава дека станува збор за „прва дискусија“.
„Во однос на преговорите за иден претседател на Еврокомисијата во Декларацијата 11 од Договорот на Унијата јасно е назначено дека прво треба да има консултации меѓу Европскиот Совет и Европскиот Парламент. Лидерите на земјите- членки ми дадоа задача, да започнам консултации со сите релеванти групи во Европарламентот. Мојата цел е да бидам во постојан контакт со претседателите на новоформираните политички групи, откако ќе бидат истите формирани и ќе биде избран новиот претседател на законодавниот дом“, изјави Ромпуј.
Наследникот на Баросо за челната позиција на Европската комисија мора да има поддршка од мнозинството лидерите на ЕУ, како и да биде во можност да го обезбеди потребното мнозинство во Европскиот парламент, а за што се неопходни коалицирање и спогодби со останатите релевантни полтички сили во законодавниот дом на Европа.
Тоа пак значи дека консултациите за претседател на Европската комисија нема да започнат пред 1 јуни за кога е закажана конститутивна седница на Европскиот парламент во Стразбур. Прв на листата од можните кандидати и понатаму останува поранешниот премиер на Луксембур, Жан- Клод Јункер, со 213 места во законодавниот дом.
Што се однесува пак до составот на неформалната влада, односно комесарите во ЕУ, според европското законаство, секоја држава членка треба сама да предложи истакнат дипломат. Засега нема инфорации за тоа кои евентуално би биле новите комесари.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
