Ракомет

Е. Пелистер го претрпе шестиот пораз во Лигата на шампионите

26.10.2023 10:45

Европскиот гигант и актуелен вицешампион, тимот на Киелце се радуваше на победа во сала „Боро Чурлевски“ со 24:21...

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер, го претрпе шестиот пораз во Лигата на шампионите. Европскиот гигант и актуелен вицешампион, тимот на Киелце се радуваше на победа во сала „Боро Чурлевски“ со 24:21.

Во следното коло пелистерци ќе патуваат за Унгарија, каде треба да се судрат со ПИК Сегед, натпревар кој се игра на 16 ноември.