Македонија

Во недела започнува зимското сметање на времето

26.10.2023 11:29

Зимското сметање на времето во Европа ќе трае до последниот викенд во март 2024-та година...

Во недела, 29-ти октомври, се враќа зимското сметање на времето . Стрелките на часовникот ќе треба да се вратат еден час наназад и треба да означуваат 2 часот. Зимското сметање на времето во Европа ќе трае до последниот викенд во март 2024-та година.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно, првпат почнало во 1916-та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од светот.