Филм

Недела на јапонски филм

26.10.2023 11:37

Од 3 до 10 ноември во Скопје и Битола ќе се одржи Недела на јапонски филм на која ќе бидат прикажани пет филма...

Од 3-ти до 10-ти ноември во Скопје и Битола ќе се одржи Недела на јапонски филм на која ќе бидат прикажани пет филма.

Јапонската амбасада ги поканува сите заинтересирани на 16-то издание на традиционалната Недела на јапонски филм која ќе се одржи во Кинотеката во Скопје и Центарот за култура во Битола од 3-ти до 10-ти ноември.

Првите пет дена, од понеделник до петок (3-8 ноември), филмовите ќе се прикажуваат во скопската Кинотека, додека викендот (9 и 10 ноември) два филма ќе бидат прикажани во битолскиот Центар за култура.

Сите проекции ќе бидат бесплатни.

 

 

 

 

 

Фото:/ Кинотека