Жолтица кај бебињата
Додека бебето се наоѓа во стомакот на мајката, нема столица, и дел од билирубинот се излачува преку плацентата во крвта на мајката и преку бубрезите надвор. Но по породувањето, билирубинот почнува да се собира во крвта на детето. Се додека детето не почне да јаде, во цревата на детето нема бактерии кои се задолжени за разградување на билирубинот.

Затоа се инсиситира детето да се стави на мајчина храна или вештачка адаптирана храна што е можно порано. По раѓањето на бебето, билирубинот доаѓа до црниот дроб кој не е доволно зрел и не може да ја преработи целата количина на билирубин, при тоа не се излачува преку урината, и настанува хипербилирубинемија. Кога вредностите на билрубинот се над дозовлените граници, се врши фототерапија или осветлување на кожата на бебето со посебни лампи.
Но, најчесто кај поголемиот број на случаеви кај новороденчињата кои имаат жолтица, поминуваат без некоја поголема интервенција.Прекумерно создавање на билирубини се јавува како последица на некомпатибилноста на крвната група и Rh-факторот на мајката и детето, што резултира со зголемено распаѓање на еритроцитите, појава на разни заболувања на еритроцитите и намалување на количеството на витаминот К.Недоволно излачување на билирубинот се јавува како резултат на разни ендокрини заболувања кои го оштетуваат црниот дроб, интраутерина инфекција, пореметување на дишењето и појава на дијабетис кај мајката.
Овој тип на жолтица се појавува кај здрави деца, и некогаш трае и подолго од месец дена, меѓутоа не се знае причината за нејзиното појавување. Се претпоставува дека причината е некое хормонско пореметување кај мајката во мајчиното млеко.