Охрид

Повторно е одложено судското рочиште за напаѓачот на Пендиков

26.10.2023 11:52

Повторно е одложено судското рочиште што пред Основниот суд во Охрид, овојпат одлагањето беше поради процесни причини...

Повторно е одложено судското рочиште што пред Основниот суд во Охрид, се води поради физичкиот напад врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот Културен клуб во Охрид.

Овојпат одлагањето беше поради процесни причини, бидејќи бранителот на првообвинетиот Илија Спасески, Димитрија Цобоски пред судот се изјасни и како адвокат на второобвинетиот Борче Ангелов од Битола.

Како што рече тој обвинителот денеска поднел обвинение и против Ангелов, а нему не му била позната содржината на обвинението и доказите против него.